Проекти

Проекти на Детски Парламент при ОУ Коле Канински Битола:

Хуманитарна Акција-Недела на Хуманоста
И малите луѓе прават големи дела беше мотото на нашата хуманитарна акција во организација на Детскиот Парламент при ОУ Коле Канински Битола. Во самата дефиниција за Детски Парламент стои дека ние сме хуманитарна организација. Па решивме тоа и да го докажеме. Се организиравме, се договоривме на има една недела каде што ќе се собираат облека,средства,храна и хемиски производи кои подоцна ќе бидат и донирани. И така започна све. Направивме катче во холот на ОУ Коле Канински, пративме соопштение до сите ученици и започна Акцијата. Целата недела пристигнуваа могу донации од родителите, учениците,вработените па дури и од други организации.На наше изненадување беа собрани огромен број на донирани работи. Потоа напривме и штанд на Плоштадот Магнолија каде што се собираа парични средства. За сите овие работи кои ги собравме во огримен број организиравме дебата на тема Хуманост на 3ти декември и ги дониравме во повеќе институции.


Македонски Идол

Македонски Идол
Еден од најголемите проекти на Детскиот Парламент е изработување на училишен весник насловен како Детски Парламент.На една од седниците на Детскиот Парламент се донесе одлука да се прави училишен весник. Во тој период најпопуларни беа македонските идоли. Тогаш решивме да направиме интервју со нив но сепак некој требаше да контактира со продуцентите за да закажи средба со нив. Тука беше нашиот Претседател Мартин кој за еден ден оствари контакт со Наташа Арсов-лице за односи со јавноста и беше организирана посета на Македноскиот Идол. Отидовме во Скопје во Хала 3 на Скопскиот Саем и ете ги токму тие-популарните македонски идоли. Се дружевме, се сликавме, направивме интервју и се вративме во Битола.Потоа дојде периодот за уредување и печатење на весникот. Главен уредник беше Лидија Павловска, а додека текстуална обработка и дизајн Мартин Николовски. Уредници беа и членовите на Извршниот Одбор и се разбира Пратениците. Весникот беше издаден во Мај во околу 200 примероци и успешно беше продаден за околу една недела. 

Емисија за деца-Детски Парламент
На почетокот на оваа учебна година Мартин даде идеја да се формира емисија за деца насловена како Детски Парламент. Пратениците идејата на Мартин едногласно ја прифатија и решија да ја остварат.Почнавме најпрво да смислуваме концепт кој имаше критериуми да одговара на детска возраст.Потоа откако беше осмислен концептот за емисијата требаше да се најдат спонзори. Најадекватна понуда добивме од ДримКаст Продукција со која започнавме да работиме. И на крај требаше да се најде телевизија која ќе не емитува а ние ја одбравме најдобрата ТЕРА Телевизија. Доказ за еден од најголемите проекти на Детскиот Парламент е нашата емисија која се емитува секоја Сабота во 12 часот на Тера Телевизија. Како спонзори на емисијата се јавија ЦСЈ Волшебно сонце (покровител на дел од емисиите), БиМилк (покровител со промотивен материјал), Аптеките ЕУРОФАРМ и ГП Пелистер (покровители на целата сезона на Детскиот Парламент).

Посета на СОБРАНИЕ на Република Македонија
За да докажеме дека сме навистина пратеници, и знаеме да се занимаваме со политика требаше да почувстуваме како им е на вистинските пратеници што се во Собранието во Скопје. И таа желба беше остварена. Благодарение на наставничката по германски јазик Марина Ѓоргиева која успеа да стапи во контакт со пратеникот Антони Милошоски и да закаже интервју и посета и разгледување на Собранието. Добивме дозвола за посета, се спремивме и отидовме во Скопје. Ја разгледавме огромната палата на Собранието, одржавме седница како вистински пратеници, за на крај да дознаеме што значи да се биде вистински пратеник преку разговорот со пратеникот Антонио Милошоски.Целосен материјал од посетата и од интервјуто ќе можете да погледнете во нашта емисија.

Собрание на Р. Македонија

No comments:

Post a Comment