За Нас

Детскиот Парламент при ОУ Коле Канински е прв Детски Парламент во Пелагонија. Постоиме 4 години и во текот на овие години Детскиот Парламент има направено голем борој на проекти. Детскиот Парламент е хуманитарна, невладина, немапартиска, доброволна детска организација чија цел е да се слушне гласот на детето, неговите интереси и проблеми. 

Детскиот Парламент при ОУ Коле Канински работи 4 години и има свои клубови тоа се ЗРОСГ Кочо Рацин Битола, ОУ Даме Груев, ОУ Елпида Караманди, ОУ Климент Охридски а наскоро имаме најава од два градови за приклучување на нивните училишта кон нашата организација. Детскиот Парламент е составен од пратеници од 7мо и 8мо одделение до 20 деца, Извршен одбор од наставниците-раководители на Детскиот Парламент и Надзорен одбор од класните раководители на учениците од 7мо и 8мо одделение. Уште од самиот почеток Детскиот Парламент реализира проекти од различен вид кои ги привлекуваат учениците да бидат дел од нашата организација. 

Активности на Детски Парламент: Учество на дебата по покана на МКЦ Битола на тема: Хомосексуалност, во соработка со здружението на жени и учество во нивната книга Родова еднаквост.Дебата на Тема: Хуманост по повод Меѓународниот ден на Децата со посебни потреби 3-ти декември. Хуманитарна Акција насловена како: Недела на хуманоста под мотото и малите луѓе прават големи дела. Собраните средства од оваа хуманитарна акција беа донирани во 5 институции во Општина Битола. Хуманитарен штанд на Плоштад "Магнолија" во Битола од кои собраните средства беа донирани. Дебата со ОУ Даме Груев на тема: Штедење на ел. енергија. Поставување на корпи за отпадоци и дрвени клупи во ОУ Коле Канински. Посета на популарното музичко шоу Македонски Идол и дружба со Македонските Идоли. Издавање на првиот весник на Детски Парламент во 200 изданија кој беше успешно продаден со понуда содржини за сите возрасти. Натпревар по Ораторство во организација на Детски Парламент каде што земаа учество околу 11 Основни училишта од Битола и беа избрани победници и се разбира наградени. Гостување во Емисијата Град на Битолската Телевизија Тера. Дебата на тема: Измена на законот за млади во организација на ИМКА Битола во Општина Битола.Учество на семинар за гестовен јазик во организација на Зросг Кочо Рацин.Новогодишни забави на ниво на Основните училишта во Битола во организација на Детски Парламент при ОУ Коле Канински Битола. Засадување на дрвца по повод Денот на дрвото. Формирање на детска емисија-Детски Парламент која се емитува секоја Сабота во 12 часот на Тера Телевизија. Гостување по втор пат во Емисијата Град на Тера Телевизија. Организирање на Новогодишна забава по повод 4 години постоење. Креирање на Химна на Детскиот Парламент благодарение на познатиот писател Панде Манојлов. Посета на Собрание на Република Македонија и интервју со пратеникот Антонио Милошоски.

No comments:

Post a Comment